Red Bull Педалинка
Најлудата трка со педалинки по трет пат се враќа во Охрид!
Aко твојата екипа е секогаш расположена за side quests, спреми се: најлудата трка со педалинки по трет пат се враќа во Охрид!
Тимски дух, лето, Охридско езеро, педалинки, забава - на 15 август повторно се враќа настанот кој ги спојува спортот и забавата во една уникатна трка со педалинки во срцето на Охрид.
Што е Red Bull Педалинка?
Red Bull Педалинка е спортски натпревар во кој тимови од четворица се натпреваруваат во возење на педалинки!
Како изгледа трката?
Трката се одвива такашто два учесници од еден тим вртат на педалите од педалинката, а останатите двајца учесници од тимот позади на колена веслаат со весло. Тимски до победа, нели?
Формат на трката
Секој тим има за цел што побрзо да стигне до целта, а самата трка е распоредена во неколку сегменти: 3 фази каде најдобрите тимови преминуваат во следната рунда преку елиминации.
Победникот на Red Bull Педалинка е тимот кој ќе победи на последната трка од натпреварот!
Собери ја твојата најјака четворка (каде еден од тимот е од спротивен пол) и пријавете се за да бидете дел од најлудата трка со педалинки во срцето на Охрид овој 15. август!