Елиф Елмас, фудбалер на RB Leipzig, позира во фамилијарната слаткара Мандарина во Скопје, Македонија
© Stefan Rajhl / Red Bull Content Pool
Soccer

Фудбалскиот дијамант кој од Бутел стигна до RB Leipzig

Бидејќи не постои македонец кој барем еднаш не го изговорил неговото име и презиме на стадион (со викање, секако), пред ТВ и/или во друштво, решивме да дознаеме повеќе за оваа исклучителна личност.
Напишано од Бранислав Спировски
се чита за 4 минPublished on
Дали имаш претстава за кого се работи? Да не должиме, на наше огромно задоволство имавме неодолива шанса одблиску да се запознаеме со Елиф Елмас, моментално нашиот најпознат професионален фудбалер, и тоа не било каде, туку во неговата омилена фамилијарна слаткарница - Мандарина.
Елиф Елмас, фудбалер на RB Leipzig, ужива во омиленото благо во фамилијарната слаткара Мандарина во Скопје, Македонија

Елмас ужива во слатките задоволства во Мандарина

© Stefan Rajhl / Red Bull Content Pool

Елиф Елмас, фудбалер на RB Leipzig во фамилијарната слаткара Мандарина во Скопје, Македонија

Тежок избор...

© Stefan Rajhl / Red Bull Content Pool

Па така, на полн стомак со слатки задоволства и во супер расположение, седнавме и поразговаравме за тоа како изгледа еден ден во животот на Елиф, кој е неговиот ритуал пред натпревар, животот како член на бундеслигашот RB Leipzig и секако, омиленото благо во Мандарина. Почни со читање!
П.С. Мислиш дека доволно го познаваш Елиф? ОК, провери го своето знаење со играње на квизот!

Како изгледа еден ден на Елиф?

Елиф Елмас: Се будам накај 8:30 часот, на брзина се подготвувам и тргнувам накај тренинг комплексот на RB Leipzig. До 9-9:30 часот треба да сум пристигнат, затоа што веднаш следува тимски доручек во кантината на клубот. После доручекот, сите одиме на тренингот кој закажан за во 11 часот. Секој ден ми изгледа вака, без големи промени и осцилации во распоредот. Малку досадно, но ова е реалниот живот на скоро-па-секој професионален фудбалер.

Елиф Елмас: После доручекот, сите одиме на тренингот кој закажан за во 11 часот. После завршувањето на тренинг обврските, следува масажна терапија и (по потреба) сауна за регенерација на мускулите и телото. После овие активности, се враќам дома и остатокот од денот го поминувам таму.

Елиф Елмас: Секој ден ми изгледа вака, без големи промени и осцилации во распоредот. Малку досадно, но ова е реалниот живот на скоро-па-секој професионален фудбалер.

Елиф Елмас, фудбалер на RB Leipzig, ужива во омиленото благо во фамилијарната слаткара Мандарина во Скопје, Македонија

Елиф Елмас во Мандарина

© Stefan Rajhl / Red Bull Content Pool

Како е животот во Лајпциг, како се адаптираше на промените?

Елиф Елмас: Убав мал град, кој многу брзо и лесно се учи, но е поприлично ладен со екстремно ниски температури. Искрено, според мене, Лајпциг е совршен град за живот на една фамилија, а бидејќи моментално сам сум во овој град, понекогаш знае да ми биде досадно, ама ништо страшно, се преживува :)

Елиф Елмас, фудбалер на RB Leipzig, ужива во омиленото благо во фамилијарната слаткара Мандарина во Скопје, Македонија

Елиф и слатките задоволства

© Stefan Rajhl / Red Bull Content Pool

Кое е твоето омилено благо во Мандарина и зошто?

Елиф Елмас: Уххх, добро прашање, затоа што не е едно, повеќе се. Најчестиот избор ми се трилече, еклер и тулумба, но листата на желби не застанува тука 😂

Мојот ритуал пред натпревар е _______?

Елиф Елмас: Секогаш се молам на Господ да биде сѐ како што треба, да немам повреди и она што ми било пишано да се исполни, ништо повеќе од тоа. Покрај овој ритуал, секогаш слушам музика и скролам по социјалните мрежи, гледам видеа кои ќе ме отргнат од грижата и мислите за престојниот натпревар.

Елиф Елмас, фудбалер на RB Leipzig, забележан во неговата фамилијарна слаткара Мандарина во Скопје, Македонија

Елиф Елмас

© Stefan Rajhl / Red Bull Content Pool

Кои се твоите омилени активности кога не играш фудбал?

Елиф Елмас: Ги имам повеќе, како на пример прошетки во природа, качување по планини, играње тенис, одење на вечера или домашни собиранки со пријателите и уште многу други. Изборот на активноста зависи од расположението и луѓето со кои сум опкружен во тој даден момент.

Кој ти е омилен дел од денот и зошто?

Елиф Елмас: Дефинитивно омилен дел од денот ми е кога ќе си дојдам дома и ќе видам како мајка ми ме пречекува со топол и неверојатно вкусен оброк. Храната и јадењата на мајка ми се најубавите и најдобрите јадења на цел свет. Одговорно тврдам, кај треба ќе потпишам. 🥰

Елиф Елмас, фудбалер на RB Leipzig, ужива во омиленото благо во фамилијарната слаткара Мандарина во Скопје, Македонија

Елиф Елмас во Мандарина

© Stefan Rajhl / Red Bull Content Pool

Која беше твојата прва реакција кога прочита дел од одговорите на прашањето од квизот: “Зошто сакаш да го запознаеш Елиф?”? Дали ќе биде тежок крајниот избор?

Елиф Елмас: Искрено, се изненадив и не очекував дека ќе прочитам толку многу интересни и креативни одговори, така што дефинитивно конечниот избор и одлуката за победничкиот одговор ќе биде тешка задача.

Порака до сите фанови и оние кои го читаат ова интервју?

Елиф Елмас: Пред сѐ, сакам на сите читатели/фанови да им посакам здравје, среќа, љубов и да продолжат, како до сега, безрезервно да ги подржуваат и почитуваат сите наши професионални спортисти кои секогаш се трудат да дадат 100% кога се работи за Македонија. Според мене, професионалните спортисти се најдобрите амбасадори на една држава.

Елиф Елмас, фудбалер на RB Leipzig во неговата фамилијарна слаткара Мандарина во Скопје, Македонија

Мандарина - омиленото место на Елиф во Скопје

© Stefan Rajhl / Red Bull Content Pool

Како за крај, Елиф, директно од просториите на Мандарина, ги повикува сите читатели и фанови на фудбалот да го одиграат квизот и да влезат во игра за едно интересно и несекојдневно RB Leipzig искуство во Лајпциг, секако во негова придружба! 😀