- Шут за три поени, според правилата на NBA;
- Шут од пола терен и
- Шутирање на кош со обрач од 13 инчи, наместо стандардните 18.
Кога дозна дека ќе имаш шанса да соработуваш со Lethal Shooter, која беше првата мисла што ти пролета низ глава поврзана со твоето милениче - Cue6?
Ме прашаа: “Дали навистина се случува ова?”, на што јас одговорив “Не знам ништо за ова” и тогаш всушност дознав за оваа колаборација. Тогаш беше првиот пат кога дознав за ликот и делото на Lethal Shooter и искрено се надевав дека ќе се случи оваа колаборација, па денес сум бескрајно благодарен што се реализираше оваа навидум луда и нереална идеја.
Како започна проектот?
На почетокот купувавме работи од типот на Lego коцки и пробувавме да направиме робот кој ќе се ниша како на лулашка со потенциометар, а истовремено истражувавме и проучувавме други роботи. Не почнавме со монтажа на роботот од самиот почеток, туку само пробувавме да имитираме други негови команди и функции. Прво, создадовме наједноставен робот од Lego коцки, па потоа робот со една рака и на крај комплетен робот.
Дали имаше некои посебни компликации во процесот на креирање на роботот?
Првиот модел не беше баш најимпресивен. Поентата се менуваше константно, но за првиот модел најголемиот проблем беше што пробувавме да направиме нешто што никогаш претходно не сме го правеле. Се занимававме со купување на работи од типот на мотор и внатрешен механизам. Кога го креиравме првиот робот Cue, Akio Toyoda, тогашниот претседател на Toyota, ни укажа дека целиот проект е интересен и ни предложи да го претвориме ова искуство во full-time занимација. Откако почнавме да се занимаваме со оваа работа, целосно сами ги развивме внатрешните компоненти на роботот. Исто така, само што добивме зелено светло да стане оваа пасија регуларна професија, почнавме да креираме вистински роботи, со функционален хардвер, софтвер и електрични делови. Секако дека се соочивме со огромен број на технички проблеми и предизвици во текот на еволуцијата на Cue6, што значеше прекорачување на зададените рокови, но на крај успеавме во нашата мисија.
Во превод, целата работа изгледаше како промашување на шут, така?
Токму така. Поприлично се мачевме со целиот проект, но вредеше целиот труд!
Од која најдалечна точка може да шутира Cue6?
Немаме направено прецизни тестирања, но дефинитивно може да шутира од линијата за три поени од противничката страна на теренот.
А, од близина може?
Може, а најверојатно може да шутира и под кош. Иако и ова го немаме тестирано.
Некако се чини дека овој модел на робот со текот на времето станува повисок и потежок. Вистина или?
Не беше намерно, но како ни растеа апетитите и желбите за овој Cue6, постепено самиот стана поголем и потежок највеќе поради тежината на хардверот и додавањето на моторот. Во идеални услови, колку е полесен роботот, тоа е подобро, така што тоа што моментално роботот станува сѐ потежок и потежок, тоа не е баш позитивна вест.
Дали постои некој дел на кој дадовте посебен фокус и внимание?
На дизајнот на роботот. До раѓањето на Cue6 работевме на чудни концепти каде разно-разни блокови своеволно се спојуваа и формираа хуманоид кој игра кошарка, а “костурот” не се менуваше. Но, за потребите на Cue6, малку ја променивме силуетата и самата површина на роботот, сѐ со цел да се добие чувство на еволуција, како на пример видливоста на различните бои кога подвижните делови се померуваат во 3Д конструкција. Во превод, вложивме малку повеќе труд во аспект на дизајнот.
Колку време беше потребно да се произведе Cue6? Дали процесот траеше малку подолго од оној за претходните модели?
За целосна изработка на Cue6 ни беа потребни околу 1 година и 6 месеци. За Cue1 и Cue2 ни беа потребни околу 6 месеци, така што колку е посложен роботот, толку подолго трае процесот на изработка.
Колку чини?
Не можам да ја откријам цифрата, но не е толку колку што си мислите.
Во споредба со Cue3, дали прецизноста на Cue6 е далеку подобра?
Мислам дека е подобра, но искрено никогаш не сум ги споредувал директно, така што тешко е да дадам прецизен и точен одговор. Но, тоа што можам да го изјавам со сигурност е дека дел од неговите функции се многу подобри, како на пр. дриблање и слично.
Дали забележавте некои особени слабости кај роботот при изведба на предизвиците?
Постојат еден тон работи кои роботот не може да ги направи. Во секој предизвик пред сѐ ја цениме неверојатната човекова способност. Прва работа, - флексибилност. Во основа, луѓето можат да реализираат незамисливи работи, но роботите денес можат да направат само одредени работи. Тоа е најголемата разлика помеѓу луѓето и машините. Сега за сега, роботот може да шутира прецизно во самиот центар на обрачот, но ако се промени топката, локацијата, или да трча, трча и шутира, тогаш веќе се јавуваат нови проблеми. Така што прилагодувањето на различните сценарија и услови е поприлично тешка мисија за Cue6. Можеби најбрзиот начин да ги помине овие препреки е тренирање со Lethal Shooter?
Кои се неговите предности?
Најголемите предности се прецизност, точност, квалитет на движење кои се повторуваат во недостиг на ментален стрес. Искрено, роботите немаат некои специјални предности. Едноставно луѓето сè уште донесуваат најпаметни и најдобри одлуки во разно-разни ситуации ширум терените за кошарка.
Дали мислиш дека ќе дојде денот кога робот ќе може да тренира како Lethal Shooter?
Па не баш. Дури и со неверојатен прогрес на вештачката интелегенција, во тоа утописко размислување каде таа станува помоќна од луѓето, повторно ќе егзистира човековата конкуренција. Мислам дека роботите и луѓето ќе постојат на планетата Земја како одделни ентитети кои живеаат во свои посебни светови.
Која е крајната цел?
Не постои јасна цел, но се надевам дека ќе направиме нешто уникатно и интересно. Во врска со Cue, би сакал да продолжи да учи од луѓето. Мислам дека би било предобро да може робот да закуца како Jordan од линија за слободни фрлања. Исто така, имавме неверојатна прилика да вежбаме со Lethal Shooter, така што следната мисија е - NBA предизвик!